ИЈЗ: Низок ризик од хантавирус во Македонија
Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, утринава гостуваше во емисијата „Македонија наутро“. Тема на разговорот беше ново појавиниот ханта вирус.
Директорката детелано објасни што претставува хантавирус. Постојат два типа на хантавирус. Едниот се пренесува преку животните, а вториот се пренесува од човек на човек.
Вториот тип на вирусот кој сега стана познат на јавноста има два соја. Европски и американски. Во нашава држава веќе претходно имало случаи на европскиот хантавирус, каде што дава бубрежен синдром. Вкупно во Македонија сме имале 32 случаи од овој сој на вирусот, во период од 2015 година до сега.
Додека сега актуелниот американски сој, не е карактеристичен за овие предели, и до сега го немало во нашата држава. Тој дава пулмунален синдром.
– Сметам дека во моментов не постои ризик, т.е ризикот за нашата држава е многу низок. Ние како институт заедно со сите надлежни инстутуции постојано ја следиме состојбата. Можам да кажам дека граѓаните можат да бидат спокојни, рече Андоновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андоновска: Со години институциите пријавувале неправилности со…
Мали Фрчко не само да намали, туку…
Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…
Ако надвор е 39 степени, клима уредите…
(Документи) Седум години се криело дека водата…
Водата во Гостивар не била за пиење…
Децата и адолесцентите добиваат бесплатно психолошко советување…
Во државата денеска официјално започна со работа…
Исчезнал кабел од 15.000 евра, потрошени 50.000…
Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) биле…