Иљче: Ковачевски бара слобода за осудените од бомбите, на снимките не се гледа кој зборува за да судиме по нив

t

Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера не сакаше да ја коментира снимката на која Талат Џафери им се дере и ги понижува своите вработени затоа што на неа не се гледало кој зборувал, денес отиде чекор подалеку и побара слобода за сите осудени врз основа на докази од „бомбите“ на неговиот претходник на премиерската фотелја, Зоран Заев – пишува Иљче од Кооперација.

– Јас како премиер морам да бидам непристрасен и да имам исти аршини за сите функционери, без разлика дали се сегашни или бивши. Значи не може да судиме само врз основа на тоа што некој го кажува, без да го видиме како го кажува. Има имитатори кои можат да репродуцираат сечиј глас и да кажат што сакаат. Еве пример, што ако Ранко Рангелов седнал и ги снимил сите разговори во „бомбите“?! – запраша премиерот Ковачевски.

На крајот, тој соопшти дека министерството за правда веќе отпочнало со постапка, со која ќе се амнестираат сите политички затвореници осудени на како што ги нарече премиерот: „рекла-казала“ муабети и ќе се обештетат со по 100 илјади евра за секој месец што неправедно го поминале во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По препораката на Владата да се готви…

Иљче од "Кооперација" во најновиот сатиричен текст…

По протокол: На 11 Октомври во Прилеп…

Протоколот кој произлезе од францускиот предлог само неколку…

Урнебесно: Маричиќ ќе ја тужи државава оти…

Наглото покачување на холестеролот т.е. триглицеридите во…

Ковачевски: Денеска го одбележуваме Денот на Охридското…

Денеска го одбележуваме Денот на Охридското Езеро…

Ковачевски: Финансискиот систем успешно се справи со…

Претседателот на Владата на Република С. Македонија…