Иљче: Час по економија со Битиќи – Продајте ги климите, ќе заштедите и ќе зголемите буџет

t

Вицепремиерот Фатмир Битиќи кој пред два дена им порача на граѓаните да ја намалат температурата на климите за да заштедат електрична енергија, денес излезе со нов предлог што ќе донесе уште повеќе бенефити и ќе ја стабилизира економската состојба кај климатизираниот дел од граѓанството, пишува Иљче од Кооперација.

– „Продај клима, купи леб!“ Тоа би било моето мото да бев обичен работник кој едвај крпи крај со крај, а пушта клима. Ама нееее… Вие сакате и леб, и климатизиран стан. И како на мнозинството таксисти не им смета да возат без клима и на +40, а вам се’ нешто не ви се погодува? Или сакате да каже дека нив им фали нешто? Не. Си се учи човек да живее со својот и со мирисот на другите. – советуваше министерот.

За граѓаните што не поседуваат клима, тој до овој момент немаше подготвени решенија, но изјави дека е сигурен ако погледнат добро околу себе и во себе, ќе најдат нешто што лесно може да се продаде, како на пример, телевизор, бубрег, телефон, слезина итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По препораката на Владата да се готви…

Иљче од "Кооперација" во најновиот сатиричен текст…

По протокол: На 11 Октомври во Прилеп…

Протоколот кој произлезе од францускиот предлог само неколку…

Урнебесно: Маричиќ ќе ја тужи државава оти…

Наглото покачување на холестеролот т.е. триглицеридите во…

Иљче: Час по економија со Битиќи –…

Вицепремиерот Фатмир Битиќи кој пред два дена…

Урнебесно – Спасовски: Ќе вработиме уште 600…

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денес, во…