Објавено на:

И негирање на фашизам е фашизам – Борисов ги измеша брзините: 80 години од спасувањето на бугарските Евреи од Холокаустот

t

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов на Фејсбук напиша дека денеска се одбележуваат 80 години од спасувањето на бугарските Евреи во Втората светска војна.

Борисов не се различува од мнозинството бугарски политичари и историчари кои ја негираат наци-фашистичката историја на Бугарија која од окупираната Македонија депортираше повеќе од 7.000 Евреи во концентрационите логори на Хитлер.

– „Денеска се одбележуваат 80 години од најголемиот чин на човечко достоинство во историјата на 20 век – спасувањето на бугарските Евреи“.

„48.000 спасени човечки животи на нашите браќа и сестри нè потсетуваат дека ние сме народ чие единство можеше да ги надмине времињата на најголем страв, да се соочи и да го победи најголемото зло што Европа некогаш го знаела.
Заветите на Пешев, митрополитите Стефан и Кирил, на целиот бугарски народ и неговата општествена, културна и творечка елита мора да живеат денес, не само во спомен, туку и во нашите дела“, истакна тој.

„Бог да ги прости невините жртви на холокаустот. Почит кон споменот на спасителите и нивниот подвиг“, напиша и Борисов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна состојба во регионот на експлозијата во…

Делумна вонредна состојба е прогласена во градот…

(Видео) СТРАШНА ЕКСПЛОЗИЈА НА МАГАЦИНИ ЗА ОГНОМЕТ…

Експлодираа магацини за огномет меѓу Елин Пелин…

Европската комисија ја тужи Бугарија

Европската комисија објави дека одлучила да поднесе…

Полицаец пронашол камена гробница од античко време…

Саркофаг (камена гробница) од античко римско време…

Нема Влада во Бугарија ни со вториот…

Веднаш ќе го вратиме мандатот на претседателот…