И неговите се свртеа против Еди Рама – Најава за нов премиер во Албанија?

t

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса Спиропали, објави остро отворено писмо упатено директно до него, во кое бара политички одговори на протестите во Тирана, а не само репресија. Писмото, кое започнува со „Letër Edi Ramës“ и е потпишано едноставно со „Elisa“, ги опишува настаните како симптом на длабока криза на доверба, а не како изолиран инцидент.

Спиропали го повикува Рама да се стави во позиција на демонстрант – млад човек кој стои меѓу толпата, ги слуша повиците, го чувствува стравот и гневот што „не се роди денес“. Според неа, сè започнало со оградите што ги одвоија граѓаните од јавниот простор и институциите, кои брзо прераснаа во симбол на власт што дели и поставува бариери.

„Од оградите дојдовме до гнев. Од гневот до судир. И ете, денес Тирана е во пламен. Слики што ги болат сите што ја сакаат Албанија со целото срце“, пишува таа.

Спиропали нагласува дека насилството не може да биде пат за политичка промена, но ниту „гасењето на огнот“ не е доволен одговор на кризата. Кризата, вели таа, бара директно слушање, прифаќање на проблемите, политичка одговорност и конкретни одлуки. Според неа, луѓето не протестираат само за оградите, туку против систем во кој вработувањето зависи од врски, а не од заслуги; во кој економијата фаворизира блиски до власта; во кој правдата доцни; и во кој политиката бара гласови, но малку се менува.

Таа остро критикува и ја повикува Социјалистичката Партија (ПС) на внатрешни промени: вистински внатрешни избори, меритократија, самокорекција и отворање простор за нова генерација лидери. „Партија што не умее да се промени одвнатре, брзо е принудена да се промени однадвор. А наметнатата промена од улицата е секогаш поболна“, пишува Спиропали.

Во писмото се бараат фундаментални реформи: консензуален изборен систем што гарантира реално претставување, одвојување на партијата од државата, ослободување на институциите од политичка инструментализација и национална дијалошка маса. Таа нагласува дека 82-те мандати не се мандат за немење сметка, туку одговорност да се владее и за оние што не гласале за нив.

„Албанија над сè. Не партијата над сè. Ниту власта над сè“, завршува Спиропали, повикувајќи го Рама – „некогашниот идеалист и интелектуалец“ – да донесе одлука што ќе ја врати довербата, а не уште еден говор.

Писмото доаѓа во момент кога Тирана е потресена од протести и судири, а претставува ретка јавна критика од редовите на владејачката партија кон самиот премиер.

Спиропали која се смета за можна наследничка на Еди Рама дипломирала политика и економија во 2005 година на Mount Holyoke College во САД, а претходно завршила и на Lester B. Pearson College.

Во политичката кариера вршела низа високи функции:
• Генерален директор на Царината на Албанија (2009).
• Пратеничка во Парламентот на Албанија од 2013 година.
• Министерство за односи со Парламентот (јануари 2019 – јули 2024).
• Претседателка на Собранието на Република Албанија (јули 2024 – септември 2025).
• Министерство за Европа и надворешни работи на Албанија (од септември 2025 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И неговите се свртеа против Еди Рама…

Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…

Илјадници млади на улиците во Италија и…

Илјадници студенти и средношколци излегоа на улиците…

(Видео) Хаос во Албанија: Горат министерства и…

Албанија трет ден се соочува со масовни…

Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по…

Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња…

Уапсена шефицата на албанската тајна служба, Влора…

Директорката на албанската разузнавачка служба Шиш, Влора…