Катастрофа во Албанија: угинаа тони риби по празнење на езеро, се шири смрдеа
Еколошка катастрофа се случи во градот Љушња во Албанија, откако тони риби угинаа во акумулацијата Кашњети која била испразнета поради реконструкција, јавуваат локалните медиуми.
Теренот е прекриен со кал, а во околината се шири непријатна миризба поради големите количества угинати риби на површината на вештачкото езеро.
Во расчистувањето на теренот се вклучила и војската, а со дронови се врши и дезинфекција на површината на водата со цел да се спречи евентуалното ширење на болести.
Албанската полиција во меѓувреме покренала истрага против 58-годишниот Фреди Мара, управител на компанијата ангажирана за санација на браната.
Според полицијата, компанијата не презела соодветни мерки за управување со водите за време на градежните работи. Истрагата опфаќа и сомневања за оштетување на живеалиштата, како и загадување на воздухот, водата и почвата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…
(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…
Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…