И покрај најавениот дожд маглата нема да нѐ напушти, нестабилното време ќе трае до понеделник
Времето денеска e променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Mихајлова: Тоа што сум родена во Македонија…
Ива Михајлова даде интервју за бугарските медиуми.На…
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…