Казнети речиси 200 возачи вчера во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила.
Изречени се четири мерки за возач почетник, пет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за управување под дејство на алкохол.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Центарот за обука на МВР ќе се…
Нова фотоволтаична централа ќе ги опслужува енергетските…
Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи…
На полигонот „Криволак“ утре ќе се уништи…
Приведен навивач од Словачка, на 10 други…
Еден навивач од Словачка е приведен, а…
За девет дена 6151 сообраќајни прекршоци, лишени…
Во периодот од 01-09.12.2025 година како резултат…
Од денес стартува „Сејф сити“, прво опомени,…
Од денеска стартува системот „Сејф сити“ во…