Од денес стартува „Сејф сити“, прво опомени, а потоа и казни

t

Од денеска стартува системот „Сејф сити“ во рамки на проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Камерите автоматски ќе регистрираат сообраќајни прекршоци, а до Нова година ќе трае пробниот период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни. Од јануари санкциите ќе бидат целосно активни.

Според најавите, во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како што се: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила. Во следната фаза ќе се прошири видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем.

МВР веќе поставува камери во Скопје, Тетово, Куманово, како и на автопатите и експресните патишта на коридорите 8 и 10. До средината на 2026 година системот треба да покрие целата држава. Целта е поуреден и побезбеден сообраќај, а првите резултати ќе се видат во наредните недели.

Од 1-ви јануари 2026 година, сопствениците на возила ќе добиваат СМС и е-пошта со записник и платен налог. Во првите осум дена ќе може да се плати половина казна, а по истекот ќе треба целосниот износ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…

Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

Италија планира казни до 160 евра за…

Италија наскоро би можела да воведе казни…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…