Објавено на:

Каква реалност нѐ очекува ако Русија каже – нема гас

t

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски порачува дека никој не може со сигурност да предвиди што ќе се случува зимава на полето на енергетиката.

-Порано проблем беше цената, а сега може да се случи она што се случи во Бугарија и Полска – нема гас. Тешко е тоа да се предвиди. Втора работа е дали може да ја издржи нашата економија цената на природниот гас што е сега.

Во моментов цената на гасот на берзата во Холандија е 96,6 евра за мегават час. Тоа треба да се помножи по 10,5 и ќе се добие цена од околу 1.000 евра. Тоа е цена само за да го добиеш гасот. Покрај тоа, има и трошоци за транспорт низ туѓи држави, трошок за трговецот кој треба да има некоја маржа. Негативно влијае и курсот на доларот кој постојано оди нагоре и е речиси едно евро за еден долар. Затоа никој не може да предвиди што ќе се случува, изјави Бислимоски за МИА.

Прецизира дека предвидувањето на Виенската берза за цената на гасот за јуни годинава изнесува 103 евра за мегават час, за јули 104, август 104, септември 104, за третиот квартал од годинава 103 евра, за четвртиот 105 евра, за прв квартал 2023 година 104 евра, а во вториот квартал 88 евра. Сето тоа треба да се помножи по 10,5 плус да се додадат трошоците за транспорт и маржи и други трошоци.

-Гасот се уште доаѓа во земјава, каква е цената таква е, но никој не може да каже што ќе се случи доколку Русија не прогласи за непријателска земја и да каже нема гас.Тогаш ќе биде екстремно тешко. Можно е преку Бугарија да дојде азербејџански гас од гасоводот ТАБ доколку Бугарија навреме го заврши приклучокот. Сепак, до крајот на годинава Макпетрол има обезбедено гас за зоните освен ако нешто драматично не се случи, посочи Бислимоски.

Со моменталните цени на гасот, како што истакна, сите наоѓалишта на гас во светот стануваат атрактивни дури и оние за кои порано воопшто не било исплатливо да се експлоатираат.

Како добра опција ја посочи изградбата на Енерџи терминалот во Александрополи во Грција каде и земјава има удел, но неговата реализација се предвидува да заврши за околу две години кога треба да биде и готов и нашиот гасен интерконектор со Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова нема крај: Цените на гасот во…

Цените на гасот во Европа го започнаа…

Германија и Франција за модернизација на товарниот…

Две железнички компании во државна сопственост инвестираат…

Извозот на гас на „Газпром“ падна за…

Рускиот гасен гигант „Газпром“ соопшти дека неговиот…

„Во моментов нема индикации дека ќе престане…

Откако руската државна компанија „Гаспром“ денеска ја…

Каква реалност нѐ очекува ако Русија каже…

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и…