Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува за да ја достигне целта до 2030 година

t

Европската унија треба да го забрза процесот на вооружување за да ја достигне целта што ја постави за 2030 година, изјави во понеделникот високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

„Европа мора побрзо и поефикасно повторно да се вооружи за да ја оствари целта за 2030 година“, рече Калас на конференцијата за новинари по состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ. Европската унија донесе план за одбранбена подготвеност до 2030 година, кој предвидува забрзување на инвестициите во одбраната во сите земји членки и отстранување на недостатоците во одбранбените капацитети.

Планот вклучува четири водечки иницијативи: Европска иницијатива за одбрана од беспилотни летала; зајакнување на надзорот на источните граници; европски небесен штит и европски вселенски штит. „На Европа ѝ е потребна одлучна промена во обемот и темпото на инвестициите во одбраната, развојот на способностите, иновациите и индустриските капацитети“, рече Калас.

Една од темите на министерскиот состанок беше и понатамошната воена помош за Украина. Калас ги повика земјите членки кои во своите залихи имаат системи за противвоздушна и противракетна одбрана Патриот да ѝ ги достават на Украина, на која сега ѝ се итно потребни, а тие своите залихи би можеле подоцна да ги пополнат.

„Производството на системи Патриот бара време, а на Украина овие системи ѝ се потребни веднаш. Една од опциите е земјите членки и партнерите да испорачаат ракети од сопствените залихи за Украина во замена за подоцнежна испорака што ќе се финансира од заемот за поддршка на Украина“, рече Калас.

Земјите членки минатата недела, по повеќе од три години, одблокираа 6,6 милијарди евра од Европскиот инструмент за мировна помош за Украина. Тие средства беа блокирани поради ветото на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан.

Европскиот инструмент за мировна помош во почетокот се користеше за надомест на земјите членки кои ѝ доставуваа на Украина оружје од своите залихи. Од тие 6,6 милијарди евра, 4,7 милијарди евра ќе бидат искористени за таа намена.

Некои земји членки веќе ја најавија својата намера да го уплатат својот дел на Украина. Од тие 6,6 милијарди, една милијарда е наменета за заедичка набавка на оружје за Украина, а преостанатите 900 милиони за Мисијата на ЕУ за обука на украинската војска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…

Европската унија треба да го забрза процесот…

Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…

Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…

ВЛЕН: Партнерството со САД и проширувањето на…

Од Вашингтон до Њујорк, првиот вицепремиер и…

ЕУ отпушта 3 милијарди евра за Украина…

Амбасадорите на земјите од ЕУ потврдија дека…

Mицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си…

Премиерот Христијан Мицкоски во понеделникот се обрати…