Календар на МПЦ: Денеска се празнуваат овие светители

t

Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Мисир, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Еремија, Самуил и Даниил“. На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“. Сите беа убиени, а со нив пострада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погреба. Тие беа убиени со меч, а него го изгореа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мачениците пред мечот да падне врз нивните глави. Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погребната поворка бакна еден од мачениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мртвите тела на мачениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и смртно за бесмртно и се преселија кај Господ во 308 година.


Тропар
Дванаесет ѕвезди пред престолот Божји, Памфил мудриот кој Порфирија преку пустина кон Небесата го приведе, Валент од чија уста Писмото Свето непрестајно течеше, Павле ревнител кој планини поместуваше, Илија, Исаија, Еремија, Самоил и Даниил, пет браќа кои пред мачителот опстоија мажествено, Селевкиј и Теодул кои крст искусија, а Јулијан – тела нераспадливи љубовно целиваше, молете се вие кои пример сте за нас на патот на спасението.

Свети Марут

Епископ на градот Тагрита во Месопотамија. Прочуен по верата и добрината. Го ублажи гневот на персискиот цар Издегерд кон христијаните, ги испроси од него моштите на четиристотини маченици во Персија и основа посебен град, Мартиропол, каде што ги положи тие Свети мошти. Во тој град се упокои и самиот во 422 година и замина кај Господ.

Преподобниот маченик Роман

Прост и неписмен селанец од Карпенис. Кога дозна за славата и јунаштвото на Христовите маченици, а беше млад – и самиот посака мачеништво. Отиде во Солун и почна да Го фали Христа по улиците, а Мухамед да го нарекува празнословец. Турците жестоко го изнамачија, па му го продадоа на некој капетан на една галија. Христијаните го откупија од капетанот и го испратија на Света Гора, каде што Роман стана монах кај прочуениот Старец Акакиј. Но тој и понатаму беше желен за мачеништво за Христа. Со благослов на Старецот отиде во Цариград, се направи луд и почна да води куче по турските улици. На прашањето што прави, одговори дека го храни кучето како што христијаните ги хранат Турците. Турците го фрлија во сув бунар и таму помина четириесет дена без леб. Потоа го извадија и го заклаа. Од неговото тело три дена избиваше светлина. Еден Англичанец го зеде телото и го однесе во Англија. А еден монах натопи една крпа со крвта на маченикот. Па таа крпа и денес се чува во манастирот Дохијар. Овој славен Христов војник пострада во 1694 година.

Тропар
Немоста за писмото човеково, не ја спречи благодатта да го исполни срцето твое, о свет мачениче Романе, преподобието над смртта земна те возвиси, каде ти од Христа Бога венец маченички доби, чија светлина и денес нашите души ги милува, тебе те чествува, и Господа Го прославува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се јавија осуммината што гласаа за промена…

Поранешната независна група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ…

Признавањето на МПЦ е политичка одлука на…

Веста за заедничката литургија на МПЦ-ОА и…

Честитки од ДУИ до МПЦ: Решениот спор…

ДУИ го честита признавањето на автокефалноста на…

(Видео) Громогласен аплауз и солзи: Моментот кога…

На заедничката литургија денеска во Соборниот храм…

Српски професор: МПЦ нема да биде патријаршија

Поранешниот професор на Богословскиот факултет во Белград,…