КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата да се подготви за можен напад врз Иран
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата да ја зголеми подготвеноста за можен напад врз Иран, објави израелскиот јавен сервис КАН на 11 ноември. Според извештајот, кабинетот не заседавал повеќе од еден месец, а последната седница се одржала на 5 октомври.
Високи безбедносни извори за КАН изјавиле дека армијата продолжува со подготовките за евентуално обновување на воените операции против Иран, во согласност со одлуките на политичкото раководство. Во извештајот нема информација дека е одобрен напад.
Гади Ајзенкот, лидер на партијата „Јашар!“, побарал од премиерот Бенјамин Нетанјаху да се воздржи од воени операции без непосредна закана, сè до формирањето на новата влада. Нетанјаху одговорил дека владините одлуки се донесени врз основа на безбедносни процени и во координација со безбедносните служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КАН: Израелскиот кабинет ѝ наложил на армијата…
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет ѝ наложил на армијата…
Мицкоски: Шокирачки се политичките одлуки на Врховниот…
Во гостувањето во Тема на денот во…
Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа…
Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека…
Савески до пратениците: Во овој момент не…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески, кој беше…