Касами нема да инсистира на предвремени избори

t

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, вели дека нема да инсистираат на предвремени парламентарни избори или да делуваат на штета на граѓаните и државата, туку ќе бараат дополнителни механизми за контрола на корупцијата во Владата. Касами во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека предизборната коалиција со СДСМ ја натерала неговата партија двапати да размисли дали таква коалиција да прави со друг субјект, односно со ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да влеземе со барање за избори и да им создаваме дополнителни проблеми на граѓаните и на државата. Но, нашето барање до меѓународниот фактор е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на Владата. Ако утврдиме дека ситуацијата на Балканот поради војната во Украина не е за предвремени избори, тогаш дефинитивно мора да договориме дополнителни механизми за контрола на Владата за да се заштитиме од високата корупција. Искуството од формална соработка пред изборите со СДСМ нè става во позиција двапати да размислиме за следниот чекор, во смисла дали ќе правиме предизборна коалиција кога едно ќе се ветува, а нешто друго ќе се реализира“ изјави Биљал Касами.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕСА: Што бара Македонија во Отворен Балкан…

Во последното интервју министерот за надворешни работи,…

Kaсами: Идната влада ќе има капацитет за…

Градоначалникот на општина Тетово и лидер на…

БЕСА: Ќе поддржиме интерпелација за Џафери –…

Движењето Беса ќе ја поддржи интерпелацијата  за претседателот на Собранието, Талат…

БЕСА бара обединување на албанските партии за…

Претставникот на Движењето БЕСА, Абдуш Демири, во…

Касами нема да инсистира на предвремени избори

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, вели…