Касами нема да инсистира на предвремени избори

t

Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, вели дека нема да инсистираат на предвремени парламентарни избори или да делуваат на штета на граѓаните и државата, туку ќе бараат дополнителни механизми за контрола на корупцијата во Владата. Касами во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека предизборната коалиција со СДСМ ја натерала неговата партија двапати да размисли дали таква коалиција да прави со друг субјект, односно со ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема да влеземе со барање за избори и да им создаваме дополнителни проблеми на граѓаните и на државата. Но, нашето барање до меѓународниот фактор е дека мора да имаме дополнителни механизми за контрола на Владата. Ако утврдиме дека ситуацијата на Балканот поради војната во Украина не е за предвремени избори, тогаш дефинитивно мора да договориме дополнителни механизми за контрола на Владата за да се заштитиме од високата корупција. Искуството од формална соработка пред изборите со СДСМ нè става во позиција двапати да размислиме за следниот чекор, во смисла дали ќе правиме предизборна коалиција кога едно ќе се ветува, а нешто друго ќе се реализира“ изјави Биљал Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Касами повика на рушење на уставниот…

Првиот човек на Движењето Беса и актуелен…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

Левица: Касами ќе го реновира стадионот во…

„Во јули 2016 година, ‘Еколог интернешнл’, сопственикот…

Си легнаа на брашното: Беса ќе оди…

Мелинда Рашиди од движењето Беса во емисијата…

БЕСА го подбра лидерот на ДУИ: Изјавата…

Од Беса изјавата на лидерот на „интегративците“,…