Катастрофални економски резултати: За една година се затвориле речиси 7 илјади фирми
Драстичен раст на бројот на затворени компании минатата година. Податоците говорат дека ланската година била погубна за приближно 7.000 компании или поточно 6.993 фирми ставиле клуч на врата. Во однос на 2020-тата година бројките покажуваат зголемување на бројот на згаснати фирми за дури 782 (во 2020-тата не преживеале 6.211 компании), обелоденуваат податоците од реномираната бизнис платформа БизнисМрежа.мк.
Од друга страна, анализата на ,,ПАРИ” покажува дека самите економски показатели за 2021 година се поповолни отколку за 2020 година. Имено, 2020 година е завршена со пад на бруто општествениот производ за 4,5%, додека за 2021 година, Државниот завод за статистика се уште нема објавено податоци, но според ноемвриските проценки на Народната банка, годинава сме ја завршиле со раст на БДП од 3,9%. Инаку, според буџетските проекции на Министерството за финансии за минатата година се очекуваше економски раст од 4,1%. Сепак, и со сегашната динамика, остануваат уверувањата на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека годинава се очекува достигнување на претпандемиското ниво на економијата.
Но, и покрај ваквата глобална слика, на микро ниво меѓу компаниите, 782 фирми повеќе од преклани, лани ја изгубиле битката за опстанок.
Најмногу фирми згаснале во секторот трговија, а потоа во преработувачката индуструја и во туристичкиот сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОДБРАНАТА НА ГРУБИ СЕ ИЗВИНИ: Велат дека…
Адвокатите на Артан Груби се оградија од…
Украина: 600.000 домаќинства се без струја по…
Најмалку 600.000 домаќинства во Украина останаа без…
Европската комисија го поткопува јазичниот „бетон“ –…
Статусот на македонскиот јазик во Европската Унија…
Мицкоски ѝ понуди на опозицијата да се…
Европската Унија останува стратешка цел на државата…
Недостигот на дизел може да продолжи и…
Намалената понуда на дизел на светскиот пазар…