Објавено на:

Приоритети на американските гласачи се намалување на трошоците за живот и завршување на војната во Иран

t

Најновата анкета на американската новинска агенција „Асошиејтед прес“ (Associated Press) и Националниот центар за истражување на јавното мислење на Чикашкиот универзитет покажува дека гласачите на двете политички партии сакаат следниот состав на Конгресот да се фокусира на намалување на трошоците за живот и да се стави крај на војната во Иран.

Околу осум од десет гласачи, вклучително мнозинството од републиканци и демократи, изјавиле дека намалувањето на расходите за живот треба да биде еден од најважните приоритети за новиот состав на Конгресот.

Анкетата покажува дека приближно седум од 10 гласачи сакаат приоритет на Конгресот да биде завршување на војната во Иран, додека значително помал број односно околу четири од десет гласачи се изјасниле дека Конгресот треба да се посвети на истрагата за администрацијата на Трамп, а само околу 2 од 10 сакаат Конгресот да го даде приоритет на поддршката на агендата на републиканскиот претседател.

Резултатите од анкетата покажуваат дека умерените демократи и републиканци значително се разликуваат од гласачите на левите и десните крила на нивните партии.

Мнозинството демократски гласачи, кои се идентификуваат како демократски социјалисти, се надеваат дека Конгресот ќе ја испита работата на администрацијата на Трамп, а многумина сакаат да ја прекинат воената помош за Израел, додека републиканците од МАГА (Make America Great Again) се заинтересирани Конгресот да ја поддржи агендата на Трамп.

Анкетата е спроведена од 8 до 12 октомври, при што се испитани 1.119 возрасни лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приоритети на американските гласачи се намалување на…

Најновата анкета на американската новинска агенција „Асошиејтед…

Петровска: Ако власта има подобро решение за…

Пратеничката Славјанка Петровска порача дека опозицијата е…

Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска…

Нина Талеска од танцовото студио BREAK A…

Родителите на загинатите од Пулс гневни на…

КОЛКУ БЕЗЧУВСТВИТЕЛНОСТ Е ПОТРЕБНА ЗА ВАКВА ИЗЈАВА…

Мицкоски: Очекуваме наскоро да почнат преговорите со…

Македонија очекува европските партнери да го вреднуваат…