(Видео) Кина и САД во натпревар за орбитата: Загорзен екипажот на кинеската вселенска станица

Кина ги повика САД да ја заштитат кинеската вселенска станица и нејзиниот тричлен екипаж, откако Пекинг се пожали дека сателитите кои ги лансирал „Спејс икс“ на Илон Маск за малку удриле во станицата, пренесува.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина го обвини Вашингтон дека ги игнорира своите обврски од договорот да обезбеди заштита на тричлениот екипаж на станицата „Тиангонг“ по инцидентот на 1 јули и 21 октомври.
„Тиангонг“ спроведе „маневри за избегнување“ за да „спречи потенцијален судир“ со сателитите „Старлинк“ лансирани од „Спејс експлорејшн технолоџис“, според жалбата поднесена од кинеските власти на 6 декември до Комитетот на Обединетите нации за мирно користење на вселената.
„САД би требало да преземат итни мерки за да обезбедат ваквите инциденти да не се случуваат“, изјави портпаролот Жао Лиџијан.
Жао го обвини Вашингон дека не ги исполнил своите обврски да ја заштити безбедноста на астронаутите според договорот од 1967 година за мирно користење на вселената.
Американската амбасада во Пекинг сѐ уште не се огласи по повод наводите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Трамп: Многу скоро целосно примирје, а потоа…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува…
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија…
САД го поздравија успешниот крај на преговорите…
САД продолжија со испораката на оружје за…
Испораките на оружје од САД за Украина…