Објавено на:

Кинеска сонда се враќа кон Земјата со примероци од Месечината

t

Кина известува за успешен старт на модулот Chang’e-6 од Месечината и упатување кон Земјата. Сондата треба да донесе примероци од карпи од далечната страна на Месечината на Земјата – што би било прв пат во човековата историја, како што објави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на Националната вселенска агенција. Пред стартот на модулот, кинеското знаме било закачено на задниот дел на земјиниот сателит, јави Ксинхуа.

Месечевата сонда Chang’e-6 слета на  далечната, темна страна на Месечината  пред два дена. Таму требаше да собере околу два килограми примероци од карпи и почва во таканаречениот басен на Јужниот Пол-Ајткен. Враќањето на Земјата се очекува на 25-ти јуни.

При претходната мисија Chang’e-5 веќе беа собрани камења и примероци од почвата, но од предната страна на Месечината.  Кина е третата земја по САД  и Советскиот Сојуз што го постигнала тоа Доколку Chang’e-6 се врати успешно на Земјата, Народна Република ќе биде првата земја што ќе донесе примероци од карпи од задниот дел на единствениот сателит на Земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Над еден милион луѓе евакуирани во Кина…

Кинескиот источен брег во последните неколку дена…

НАСА: Дел од ракетата на SpaceX веројатно…

Парче од ракета на SpaceX со тежина…

(Видео) Кина успешно ја лансираше ракетата „паметен…

Кина во средата успешно лансираше носечка ракета…

(Видео) Во Кина откриени остатоци од алкохолен…

Кинеските археолози открија остатоци од алкохолен пијалок…

Америка ги забрани новите кинески хуманоидни роботи…

Американската Федерална комисија за комуникации (ФЦЦ) вчера…