Објавено на:

(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините

t

Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе станаа симбол на енергетската преобразба, роботите сега се впуштаат во нова мисија – да го претворат песокот во шума. Кина има нова, „футуристичка“ битка против пустините на северот од земјата, помошната од флота самоуправувачки роботи со погон на сончева енергија. Ширењето на песокливите површини сè повеќе им се закануваат на обработливото земјиште и на околните заедници, па се бараат решенија против тие екстремни услови, објави Шјинхуа.

View this post on Instagram

A post shared by AI & Robotics (@uncover.robotics)

Овие роботи користат самообновлива сончева енергија, што значи дека нема потреба од батерии, постојано полнење гориво или човечки надзор во оддалечените области. Благодарение на ГПС-системите, сензорите за анализа на почвата и прецизните механизми за сеење, машините се движат низ недостапен терен и го оптимизираат процесот на садење каде што човечкиот труд би бил премногу бавен или премногу скап. Затоа, на работ на пустината Му Ус во кинеската област Внатрешна Монголија, самоуправувачките машини од второто поколение садат садници без човечки оператори. Целта на овој проект не е само пошумување. Планираните 100 милијарди дрвја во пустината ќе ги ублажат песочните бури и ќе ги заштитат стратешките коридори на таканаречениот „Голем зелен кинески ѕид“, којшто сè уште се шири, пренесува српска „Политика“.

View this post on Instagram

A post shared by Julio Morales | Kingxity TV (@kingxitytv)

Целиот циклус е завршен во еден чекор. Роботот автоматски ја копа почвата, го поставува растението, го наводнува и ја тапка почвата. Целиот процес трае пет секунди по билка. Роботот, исто така, прецизно го лоцира секое место за садење, распоредувајќи ги садниците во шеми што го максимизираат задржувањето на песокот.

„Џинтајминг технолоџи груп“ – компанијата одговорна за роботите, веќе ги поседува правата за интелектуална сопственост на дизајнот и планира да го зголеми своето производство.

Позеленувањето на пустината, се разбира, не е само прашање и проблем на роботиката. Потребно е внимателно да се изберат растителни видови што можат да преживеат во такви сурови услови, со строго штедење вода и одржување на екосистемот на долг рок. Само со комбинирање на традиционални методи и нови технологии може да се стабилизираат песокливите почви и сè тоа да се прилагоди на климатските промени.

Кина со десетлетија вложува во проекти за пошумување на пустината и борба против нејзиното ширење, но сега, првпат, се тестираат роботи како алатка на големо. Доколку се покаже успешен, овој робот би можел да го забрза темпото на развој и да стане битен дел од општата светска борба против климатските предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Во Кина роботи ги пошумуваат пустините

Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе…

Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Над еден милион луѓе евакуирани во Кина…

Кинескиот источен брег во последните неколку дена…

(Видео) Кина успешно ја лансираше ракетата „паметен…

Кина во средата успешно лансираше носечка ракета…