Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција на земјите е клучна за регионот и движечка сила кон ЕУ

t

Економската соработка и интеграцијата на земјите е клучна за регионот и движечка сила кон Европската унија. Северна Македонија постигна многу и ќе продолжи да напредува на тој пат, истакнал премиерот Димитар Ковачевски денеска на панелот „Градење економска соработка во тешки времиња“ во рамки на виенскиот Економски форум.

-ЕУ не може да има две граници, тоа не е одржливо. Во моментов има надворешна граница на ЕУ и внатрешна граница што е токму околу земјите од Западен Балкан. Затоа, интеграцијата мора да се случува во политичкиот, но и во економски дел. Затоа цврсто го поддржуваме и го побаравме планот од претседателката на ЕК за раст на Западен Балкан, бидејќи тој се потпира и лежи врз придобивките на интеграцијата. Северна Македонија во изминатите 2 години во време на криза, постигна многу релевантни работи, осоебно во делот на зацврстувањето на односите со ЕУ. Ние го надградивме сето тоа со членството во НАТО, нагласи премиерот Ковачевски.

Говорејќи за регионалните иницијативи на земјите од регионот како Берлинскиот процес и Отворен Балкан, претседателот на Владата ја потенцирал важноста дека надградувањето на економската соработка носи придобивки за граѓаните од сите земји.

-Трговијата по иницијативата со Србија и Албанија меѓу трите земји се зголеми за 25 отсто. Трговијата на Северна Македонија со Србија се зголемени за 50 проценти, а со Албанија за 40 отсто. А туризмот процвета бидејќи граѓаните најдоа можности да ги посетуваат земјите во регионот. Сето ова оди рака под рака со добрите политички односи, без добри политички односи секако не може да има економска интеграција, рекол Ковачевски.

Премиерот потенцирал дека Северна Македонија е првата земја во регионот на Западен Балкан која усвои Стратегија за развој на енергетскиот сектор во 2019 година, заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ.

-Во изминативе две години издадовме 658 лиценци за производство на обновливи извори на енергија, околу 600 мгв соларна и енергија од биогас произведуваат веќе енергија и во споредба со потрошувачката тоа е енергија која што се произведува од обновливи извори која што може да задоволи потреби на многу домаќинства во земјата. Исто така работиме на стратешки проекти заедно со нашите соседни земји особено со Грција. И ќе започнеме до крајот на годината со проект менаџментот и спроведувањето на проектот за новиот гасовод кој што ќе дозволи на СМ да се приклучи на транс-атланскиот гасовод, истакнал Ковачевски.

Претседателот на Владата говорел за придобивките со членството во Европската унија.

-Новиот план за раст како што е претставен ќе има позитивно влијание дефинитивно. Во неколку различни сегменти. Ќе ги зголеми реформите, затоа што дополнителните средства ќе бидат поврзани со реформите кои што ги прават земјите кандидати. Ќе ја зголеми регионалната соработка меѓу земјите од ЗБ бидејќи средства ќе бидат достапни по приклучувањето на регионалните проекти во делот на инфраструктурата, енергетиката транспорот итн. Ќе ја зголеми соработката со ЕУ, затоа што ќе ја отвори можноста за одредени индустрии да се приклучат на заедничкиот европски пазар со што ќе се зголеми економијата на обем, рекол премиерот.

Ковачевски истакнал дека интеграцијата на регионот во ЕУ ќе им донесе пристап до единствениот европски пазар што ќе донесе економски напредок и зголемен економски стандард.

-Економскиот стандард и перформансите на поранешните југословенски републики тој бил навистина на врвно ниво во споредба со држави како Романија, Бугарија, Полска, Чехословачка и за сите останати. Ние бевме она што Австрија е денес за Западен Балкан, тоа бевме ние за земјите од Варшавскиот договор. Единствената работа што ги разви економски е интеграцијата на Единствениот европски пазар, ништо друго, тоа е единствената причина зошто се тие денес економски развиени, истакнал тој. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинскиот парламент го одобри клучниот закон за…

Пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм објави дека…

Орбан: ЕУ не треба да почне преговори…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Брисел…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Орбан посеа паника во Европа?

Една недела пред состанокот на Европскиот совет…

Лајчак: ЕУ е подготвена за проширување

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот…