Ковачевски за „Ди Пресе”: Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот
Ковачевски за австрискиот весник се осврнува и на континуираниот геостратешки интерес на Русија за Балканот.
Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за австрискиот дневен весник „Ди Пресе”, порача дека во време на воената агресија на Русија кон Украина, членството во НАТО е од огромно значење за Република Македонија, особено за нејзината економија.
„Неиспровоцираниот напад на Русија врз Украина докажува дека членството во најголемиот светски одбранбен сојуз НАТО, е од огромно значење за секоја членка. Ние сме мала земја. Нашата безбедност ја гарантираат сите членки на НАТО, што има многу позитивни последици за нашето општество – исто така и за нашата економија. Затоа што странските инвеститори, особено оние од инфраструктурниот сектор, знаат дека се во безбедна земја, заштитена од НАТО”, истакнува премиерот Ковачевски во интервјуто за “Ди Пресе”.
Ковачевски за австрискиот весник се осврнува и на континуираниот геостратешки интерес на Русија за Балканот.
„Западен Балкан отсекогаш бил од интерес за Русија. Нејзиното влијание преку медиумите, вклучително и преку некои политички партии, беше секогаш присутно. Русија има интерес од замрзнати конфликти на Балканот, кои им оневозможуваат на земјите да го изодат својот пат кон евроатлантските интеграции”, дополнува претседателот на Владата за австрискиот медиум.mak
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…
Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…
(Видео) „Бугарија е заробена држава од руските…
Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, четворица поранешни…
Проф. Трајковски: Немам видено пациент/ка со спастична…
Немам видено пациент/ка со спастична параплегија што…
(Видео) Зеленски предупредува: Ако падне Украина, 20…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека евентуалниот…
Си-ен-ен за Македонија: „Прекрасна природа, спокојство, врвна…
Американската телевизиска мрежа CNN ја претставува Македонија…