Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд во синхронизиран танц
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг, 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов светски рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено, објави во неделата весникот „Глобал тајмс“.
Вкупно 110 хуманоидни роботи од моделот „Експедишн А3“, развиени од кинеската компанија „Аџибот“, изведувале синхронизирани танцови движења и менувале формации со помош на платформата за групно управување „Линкботс“ и технологија за ултраширокопојасно позиционирање, која овозможува прецизност на ниво на сантиметар.
Од компанијата „Аџибот“ соопштиле дека сите 110 роботи ги извеле синхронизираните движења без прекин. Настапот вклучувал промени на положбата, скокови, превртувања и менување на формациите.
Најавено е дека роботите ќе се користат на културни и туристички настани, во јавните служби, научните истражувања и образованието, како и во други области.
Претставник на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија на 19 октомври изјавил дека кинеските компании развиле повеќе од 400 модели на хуманоидни роботи и произвеле над 40.000 примероци во првата половина од оваа година. Се очекува годишното производство да надмине 100.000 примероци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…