Ковачевски за помалку од три недели ќе ја состави новата Влада

Ковачевски има 20 дена да формира Влада, соогласно Уставот откако попладнево во 13 часот претседателот на Република Македонија ќе му го додели мандатот на Димитар Ковачевски, со тоа започнува да тече рокот од нешто повеќе од три недели за состав на новата Влада.
Според неофицијалните информации, Ковачевски нема да ги чека крајните рокови туку ќе се обиде многу порано да ја формира новата Влада, односно веднаш по новогодишните празници.
Во оваа насока се и изјавите на претседателот на Собранието, Талат Џафери кој по новогодинешните празници најави нова седница на Собранието кое би го потврдило новиот состав на Владата.
Ковачевски стана лидер на СДСМ откако членовите на партијата во мнозинство на непосредни избори го дадоа гласот за фаворитот на Зоран Заев за негов наследник. Во изборната трка учествуваа Фросина Ташевска Ременски, но и Јован Деспотовски.
Вчера откако се дефинираше новиот состав на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, Ковачевски ја доби поддршката од партијата, по што беше најавено денешното доделување на мандат во вилата на Водно.
Според информациите кои што СДСМ ги лиферуваше во јавнсоста, Владата на Ковачевски ќе ја има поддршката на 64 пратеници што е за два повеќе од бројот на пратеници кои ја поддржуваа Владата на Заев.
Последните пермутации во Собранието беа резултат на неуспешното гласање на недоверба на Владата, по што БЕСА ја напушти владината коалиција, а нивниот пратеник Кастриот Реџепи ја напушти партијата. По неколку неделни преговори Зоран Заев и лидерот на Африм Гаши ја дефинираа новата коалиција со што дотогашнот владеачко мнозинство ја доби поддршката на Алтернатива.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата да ги поништи тендерите за анкети…
Додека народот и државата тагуваат поради огромната…
Во време на тага и болка, граѓаните…
„Во време кога цела држава жали за…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…
Шести април нов датум за реизбор на…
На шести април СДСМ ќе ги оддржи…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…
СДСМ целосно ги поддржува барањата на граѓанското…