Ковачевски: Не се откажуваме од концептот “Едно општество за сите” – Градиме мостови дома и со соседите

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.
Ковачевски нагласи дека не се откажува од концептот “Едно општество за сите”.
– Со исправни одлуки градиме мостови дома, со соседите и со светот.
Продолжуваме да го градиме концептот „Едно општество за сите“ заедно со Бошњаците кои се вткаени во нашата заедничка мултиетничка и мултикултурна држава. Како рамноправен народ тие се вклучени во носењето на сите важни одлуки за државата со што учествуваат во создавањето на подобро утре за сите.
Државата ја сакаат низ дела и за овој придонес на граѓаните од бошњачката етничка заедница, во името на Владата на Република Македонија и во мое име, изразувам искрена благодарност и почит.
Нека e честит 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците!, напиша Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Ковачевски: Бевме воздржани за резолуцијата за Газа…
Одлуката за гласање на Резолуцијата на ОН…
Ковачевски: Изборите ги распишува претседателот на Собранието…
Премиерот Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница…