Ковачевски потврди дека училиштата ќе се отворат на 1 февруари

Одложувањето на почетокот на второто полугодие вечерва го потврди и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Тој на својот Фејсбук профил објави дека со одлука на Владата и во интерес на здравствената заштита, согласно епидемиолошките информации дека земјава е на врвот на заразата, училиштата ќе бидат отворени на 1 февруари, пишува Алсат.
“Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари. Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Не е исклучена предизборна коалиција на…
Премиерот Димитар Ковачевски и лидер на СДСМ…
Ковачевски на работна посета во САД
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со…
Едмонд Османи: Училишта на бугарски јазик е…
Најавата за отворање на училишта на бугарски…
Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…
Спортските објекти се издаваат на користење на…
Полицајци ќе ги обезбедуваат сите училишта во…
Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав…