Дронови, хеликоптери и 31.000 надзорници ги обезбедуваат училиштата во Турција
Новата учебна година во Турција почна денеска со засилени безбедносни мерки во целата земја по смртоносното пукање што се случи пролетоска.
Во големите градови Анкара и Истанбул околу училишните објекти денеска беа распоредени дронови и хеликоптери, а полициската единица задолжена за криминал поврзан со млади и дрога спроведе проверки, објави државната новинска агенција „Анадолија“.
Министерот за правда Акин Ѓурлек на социјалната мрежа „Икс“ објави дека националната операција „Безбедни улици“ била насочена против криминални организации, кои ја загрозуваат иднината на децата.
Турското Министерство за внатрешни работи исто така воведе мерки, чија цел е подобрување на безбедноста во училишните објекти.
Министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи изјави дека низво целата земја ќе бидат распоредени 31.000 надзорници на училишните простори за да ја осигурат безбедноста на училишните игралишта. За училишните влезови се набавени рачни детектори за метал.
Засилените безбедносни мерки беа најавени откога ученик во април во градот Кахраманмараш за време на напад застрела и уби 10 лица.
Министерството за правда соопшти дека ќе преземе мерки против новоформираните банди, кои особено се поврзани со организираниот шверц на дрога – од улични дилери до поголеми наркосиндикати.
Критики упати синдикатот на просветните работници „Еѓитим-Сен“, кој претходно годинава повика, наместо тоа, да се обезбедат демократско учество, образовни врски и социјална поддршка за да се направат училиштата побезбедни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…
Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…