Ковачевски- Прескeр: Македонија може да смета на силна и отворена поддршка од Словенија на патот кон членството во ЕУ

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Македонија, Грегор Прескер, на кого му посака успех во неговиот нов професионален ангажман и желба за активeн придонес во натамошното зближување на двете земји и народи.

На средбата беше оценето дека Македонија и Словенија имаат одлични пријателски односи и соработка кои се градат веќе 30 години, со взаемна подготвеност и интерес за нивно продлабочување, посебно на полето на економијата.

При тоа, премиерот Ковачевски изрази задоволство од потпишувањето на Заедничката декларација за зајакнување на соработката меѓу двете земји за време на неговата посета на Љубљана во април годинава. Декларацијата, како што истакна премиерот Ковачевски, ја потврдува континуираната словенечка поддршка за Македонија на многу полиња.

Во таа насока, беше нагласен интересот за одржување на заедничка седница на владите на двете земји – што ќе биде извонредна можност за детектирање на нови потреби во секторската соработка.

Во доменот на билатералната соработка, беше поздравен фактот дека трговијата меѓу двете земји се движи по нагорна линија, а Македонија е петта најважна земја за инвестиции на словенечки компании, кои во моментов изнесуваат околу 7% од вкупниот прилив на странски директни инвестиции во државата.

Ковачевски и Прескар изразија задоволство од отворањето на директната линија Скопје – Љубљана, на компанијата Wizz Air, која се очекува дополнително да придонесе за воведување нова динамика во економската соработка и натамошно зајакнување на туристичката размена.

Посебен фокус на средбата беше ставен на евроинтеграциските процеси, и во таа насока премиерот Ковачевскисе заблагодари за силната и отворена поддршка на Словенија на патот на Македонија кон ЕУ, потенцирајќи го посебно словенечкиот пристап за забрзана и прогресивна интеграција.

Взаемно беше констатирано дека европскиот пат е единствената опција за Македонија и затоа потребно е да се преземат сите неопходни чекори за да се оствари долгогодишната стратешка цел на земјата, а тоа е полноправното членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Снег во Хрватска и Словенија

Во поголем дел од Хрватска пристигна најавената…

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

Словенија дава безрезервна поддршка за европската перспектива…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…