Ковачевски се пофали: ЕСМ произведува 26,7% повеќе струја од лани

Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски синоќа истакна дека во овој период на годината, ЕСМ е на 26,7% поголемо производство на струја во споредба со истиот период минатата година.
-Се уште го немаме Блок 3 и тој недостаток го компензираме со зголемено производство на Блок 1 и Блок 2 во РЕК Битола. Исто така ТЕЦ Осломеј е во функцијата, како и ТЕЦ Неготино. Оваа година ќе ја завршиме со 200 милиони евра дополнителни потрошени средства од Буџетот за електрична енергија, во услови на криза и високи цени на енергенсите. Овие податоци ако ги споредиме со нашето опкружување, сме со најмалку трошоци од Буџетот на државата кон субвенционирање на цената на електрична енергија. Ова е само ЕСМ со ТЕЦ Неготино. Дополнително не го пресметуваме ТЕ-ТО и други капацитети кои што се веќе приклучени на мрежата. Не е само домашното производство. ЕСМ 55 милиони евра не ги активираше во стапки кои што не се директно поврзани со производството, истакна Ковачевски во емисијата „Економски магазин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРИ ВЕСТИ: Направена е нарачка за лекот…
Лекот „трикафта“ за болните од цистична фиброза…
Собранието му дозволи на ЕСМ да се…
Собранието во рамки на попладневниот дел од…
ЕСМ вчера произведе доволно за дома и…
АД ЕСМ вчера произведе 18.543 мегават часа…
ЕСМ продале 330 MWh електрична енергија изминатото…
АД ЕСМ на 13.01.2023 година произведe 18.835…
Ковачевски се пофали: ЕСМ произведува 26,7% повеќе…
Првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски…