Објавено на:

Колку ќе заработи Париз од Олимписките игри?

t

Француската престолнина Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од Oлимписките игри. 

Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс. Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС). Студијата има ажурирани податоци во споредба со пресметките во 2016 година, кога Франција беше избрана за домаќин на Олимпијадата. Тогаш беше проценето дека економските придобивки за француската престолнина и за регионот ќе бидат меѓу 5,3 и 10,7 милијарди евра. Сè уште не е направено истражување за потенцијалниот профит за територијата на целата држава. Проценките на ЦДЕС се однесуваат na економски придобивки кои ќе се пријавуваат во следните десет години врз основа на туризмот, изградената инфраструктура и организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

БРАВО! Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија…

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ освои златен медал и стана…

Путин ги отвори игрите на БРИКС: Учествуваат…

Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи за…

Бугарин, Украинец и Германец уапсени за морничавиот…

Бугарин и уште две лица се приведени…

Kовчези со натпис „француски војници од Украина“…

Пет ковчези со натпис „француски војници од…