Колку ќе заработи Париз од Олимписките игри?
Француската престолнина Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од Oлимписките игри.
Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс. Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС). Студијата има ажурирани податоци во споредба со пресметките во 2016 година, кога Франција беше избрана за домаќин на Олимпијадата. Тогаш беше проценето дека економските придобивки за француската престолнина и за регионот ќе бидат меѓу 5,3 и 10,7 милијарди евра. Сè уште не е направено истражување за потенцијалниот профит за територијата на целата држава. Проценките на ЦДЕС се однесуваат na економски придобивки кои ќе се пријавуваат во следните десет години врз основа на туризмот, изградената инфраструктура и организацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Алах ме испрати да убивам жени“…
Три жени, меѓу кои и една бремена,…
Три жени повредени во напад со нож…
Уапсен е маж осомничен за напад и…
Спектакуларно видео: 1.600 дронови приредија шоу кај…
Париското небо се претвори во огромно светлосно…
Скратено работно време на Ајфеловата кула и…
Ајфеловата кула и музејот Лувр во Париз…
(Видео) Навивачите на ПСЖ буквално го запалија…
Француските власти велат дека полицијата испрашала стотици…