Кому му пречи? – Повторно е вандализиран виртуелниот споменик на Глигор Прличев во Охрид

t

За два месеци од поставувањето, виртуелниот паметник на Глигор Прличев по втор пат е вандализиран исто како кон почетокот на август кусо по поставувањето.

Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид е пријавено оштетување на овој виртуелен споменик поставен на улицата „Коста Абраш” кај малиот плоштад во Охрид.

-Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од охридската полиција.

Минатиот месец само неколку часа по поставувањето на овој необичен споменик посветен на македонскиот преродбеник родум од Охрид беше вандализиран и онеспобен да функционира откако непознати сторители го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Насилно се отстранети и одземени 27 букви и македонското знаме како што се случи и вчера. Сторителите не беа откриени.

Станува збор за дигитален паметен споменик посветен на Григор Прличев, кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите. Тој е дело на тимот од компанија „Сефиданис“ на чело со проф. д-р Анис Сефиданис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…

ЕУ од утре со нови правила за…

Во Европската унија од утре се менуваат…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…

Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…

Американка две години лажела дека е болна…

Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…