Објавено на:

Конгресмен од Висконскин се спаси со пливање откако авионот принудно му слета во езеро

t

Американскиот конгресмен од Висконсин, Том Тифани, помина со полесни повреди откако малиот авион во кој патувал принудно слетал во езеро, по што тој и пилотот морале да пливаат за да се спасат.

Тифани, кој е кандидат на Републиканската партија за гувернер на сојузната држава, патувал во саботата навечер кога на леталото се појавил механички проблем. Поради дефектот, пилотот бил принуден да изврши вонредно слетување во езерото Восо, соопшти канцеларијата на окружниот шериф.

По слетувањето, Тифани и пилотот веднаш се јавиле на бројот за итни случаи 911. Преку социјалните мрежи Тифани објави дека штом леталото почнало да тоне, двајцата излегле и допливале до поплиток дел, каде што чекале додека спасувачките екипи не пристигнале со чамец. Во инцидентот и пилотот се здобил со полесни повреди.

Тифани во неделата рече дека се враќал дома од вечера во округот Ла Крос кога авионот одеднаш изгубил погон додека се приближувал кон аеродромот во центарот на Восо.

Властите го примиле известувањето за падот на авионот во 20:49 часот по локално време, се наведува во соопштението на шерифот на округот Маратон. Двајцата успеале да излезат од авионот во плитка вода, од каде што специјален чамец на противпожарната служба на Восо ги спасил по околу 15 минути, односно во 21:05 часот.

Од канцеларијата на шерифот наведоа дека Тифани и пилотот биле единствените лица во едномоторниот авион од типот „Бичкрафт К35“, кој има капацитет да превезува до пет луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конгресмен од Висконскин се спаси со пливање…

Американскиот конгресмен од Висконсин, Том Тифани, помина…

Филмска сцена кај Блаце: Криумчари влечеле полицаец,…

Драматичен инцидент се случил во близина на…

Од Центар до Аеродром за 8 минути:…

Скопје напролет ќе започне со изградба на…

Пијан тетовец си го претепал својот татко

Синоќа во 21:00 часот на улицата „Ленин“…

„Нина е во големи болки, постојано плаче,…

Мајката на Нина Димитриевска денеска повторно се…