„Нина е во големи болки, постојано плаче, немаме многу време“: Мајката со нов итен апел

t

Мајката на Нина Димитриевска денеска повторно се обрати до јавноста со итен апел за помош, откривајќи дека Нина е во големи болки и постојано плаче.

Зад семејството е тешка и неизвесна борба, а времето за Нина неумоливо истекува. Како што беше објавено во претходниот апел, потребните средства за нејзината операција мора да бидат обезбедени и уплатени во рок од само две недели.

Во моментов е собрана половина од потребната сума, но за да се стигне до целта сè уште недостигаат значителни средства.

Секој ден е од огромно значење, а семејството стравува дека доколку операцијата не се реализира навреме, состојбата на Нина може дополнително да се влоши.

Денешниот повик од нејзината мајка е уште едно потсетување дека зад бројките и сумите стои едно дете кое секојдневно се соочува со болка и чека помош.

Доколку операцијата не биде извршена навреме, постои ризик од дополнителни оштетувања и нови здравствени проблеми, со можност за потреба од дополнителни интервенции и сериозни последици.

Семејството досега доби огромна поддршка од хумани граѓани, компании, здруженија и организации. За секоја донација и секое споделување тие се неизмерно благодарни. Но, сега е потребно уште едно големо обединување.

Остануваат само две недели за да се обезбеди потребната сума.

Се повикуваат сите кои можат да помогнат да го сторат тоа сега – со донација, со организирање хуманитарна активност или едноставно со споделување на апелот.

Нина има потреба од помош сега. Нека не дозволиме времето да помине, а помошта да стигне предоцна.

ЛИНК ЗА ДОНАЦИИ: https://pavelandreev.org/…/itno-potrebni-se-100000-evra…

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ ЗА ДОНАЦИИ: 143 193 ТЕЛЕКОМ И 143 473 ВИП.

Донации може да се уплатат и на следните сметки:

Шпаркасе банка: 250500021369574

НЛБ банка: 210501724202015

IBAN: MK07250080008236959

SWIFT: INSBMK22

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во брзање да го донесат буџетот пред…

Иако нема да почне да се применува…

Чупиќ: Со лидерите од регионот, кои присуствуваа…

Претседателката на Македонија е од академскиот свет.…

Луѓето на Трамп се селат во воени…

Високи функционери од администрацијата на Доналд Трамп…

ДЕЈАН БОДИРОГА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИЧКАТА ФУНКЦИЈА:…

Легендарниот српски кошаркар и актуелен претседател на…

Зеленски го нападна Трамп: Путин е агресор…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изрази своето…