Конечно поевтинуваат: Од утре нови цени на горивата – еве колку ќе чинат бензините и дизелот

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од 2.09.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,277 ден/кг и сега ќе изнесува 52,463 ден/кг.

Од 6.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 98,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,463 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,983%, кај дизелот за 1,812%, кај екстра лесното масло за 4,293% и кај мазутот намалување за 0,568%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,068%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.9.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе…

Денес стоиме пред историјатa на еден народ…

ММФ предупредува: скапата енергија и растечкиот долг…

Војната на Блискиот Исток, високите цени на…

СЗО уште чека информација од Русија за…

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека сè…

Рубио остро ги осуди нападите врз Саудиска…

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги…

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври…

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври…