Континуитетот на илинденската традиција во НОБ/НОВ и АСНОМ

t

Илинден – факел и светилник на историски и национален незаборав

Илинден е час -славен.

Илинден е миг – револуционерен.

Илинден се борбените месеци и крвавите години на македонскиот дух од 1903-та. Незаборавник.

Илинден е крвава и славна победа на НОБ/НОВ. Илинден е државотворниот АСНОМ. Непокор.

Илинден е историски чин. Илинден е незаборавник – Илинденска епопеја. Вечен илинденски оган кој тлее низ години, декади и векови. Илинден е остварување на вековните идеали и револуционерните стремежи за слобода и национална самобитност. Македонски простум.

Илинден 1903(Илинденско востание, Крушевска Република, Крушевски манифест) е наш духовен вруток и двигател!
Илинден 1944(АСНОМ, државотворни одлуки, решенија, декларација) е неговото директно отелотворување! Државотворен темелник на Република Македонија.

Илинден 1903, е наш историски мит! Илинден 1944 – АСНОМ, е наша историска победа!

Илинден е меморија во нашата свест, топлина на срцето, милина и празник на душата македонска.

Илинден е светилник кој вечно свети и ни го осветлува патот. Илинден е ден кога го обединувал Македонецот. И 1903-та и 1944-та и 1991 година. Секогаш ни дава енерги и ни влева сила да истраеме кога ни е најтешко.

Илинден е светол факел – светилник, кој ги осветлува македонските жртви и саможртви, дадени за Слобода на Македонците и Државност нарешена Република Македонија. Илинден вечно ги грее нашите души и засекогаш е врежан во колективната меморија на сите нас Македонците.

Илинден е победа на македонскиот дух. Триумф на македонскиот народ, кој покажа дека е освесен и способен да создаде своја држава. Кадарен да ги развие своите сили и способности да се ослободи од јаремот на чифлигарскиот живот, да се одбрани од туѓите и антимакедонски пропаганди кои го сееле семето на раздорот.

А никој не е поброен од неговото величество – народот. Харизмата е во него. Народот е и интегритет, и суверенитет и идентитет. Во Македонија и надвор од неа.

Денес, на Илинден се молиме за вековита Македонија. Затоа што Македонија е наш денешен избор, наша вечна судба. Наше минато, наша иднина.

Пишува: Сотир Костов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките…

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски…

(Видео) Грчки борбен авион пресретна либански цивилен…

Грчки борбен авион пресретнал либански цивилен авион!…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…

Електричните автомобили ќе чинат загуба на стотици…

Секој голем производител на автомобили сега го…

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…