Објавено на:

Toлку беше: САД и Кина потврдија дека потпишале договор за крај на трговската војна

t

САД и Кина соопштија дека постигнале договор со кој се става крај на трговската војна меѓу двете земји, но спогодбата не ги решава сите отворени прашања во билатералната трговија. Договорот, потпишан пред два дена, се темели на рамковните спогодби постигнати во Женева во мај, соопштија официјални лица од двете страни.

Американскиот министер за трговија Хауард Лутник во интервју за Блумберг изјави дека договорот вклучува обврска од Кина за испорака на ретки земни метали, клучни за технологии како ветерници и борбени авиони. – Кина ќе ни испорачува ретки метали, а ние ќе ги укинеме контрамерките, рече Лутник.

Кинеското Министерство за трговија потврди дека ќе ги разгледа барањата за извоз на контролирани стоки согласно законот, додека САД ќе ги укинат ограничувачките мерки, без да се прецизира за кои точно станува збор.

Според Блумберг, американските мерки вклучуваат ограничувања на извозот на материјали како етан, користен во производството на пластика, микрочипови и мотори за авиони. Сепак, спогодбата не опфаќа сложени прашања како нелегалниот увоз на фентанил или целосниот пристап на американските извозници до кинескиот пазар.

Преговорите во Лондон во јуни резултираа со взаемно прифатлив договор за клучните прашања, кој чека одобрение од американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг. Според извори на Фајненшл Тајмс, дел од договореното не е вклучено во официјалниот документ, иако двете страни изготвиле писмен текст за дискутираните точки.

Лутник додаде дека Белата куќа планира наскоро да склучи трговски договори со десет клучни партнери на САЩ. – Претседателот сака лично да ги склучува овие договори. Ќе имаме договор по договор, изјави тој.

Стивен Миран, претседател на Советот на економски советници на САД, истакна дека администрацијата на Трамп ќе ја продолжи паузата на царините за земјите што преговараат „добронамерно“ со Вашингтон, според Јаху Фајненс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВД амбасадорката на САД во Дебар,…

Вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски…

МФ воведува построги проверки за лиценците за…

Министерството за финансии донесе нов Правилник со…

(Видео) Стампедо во храм во Индија, загинаа…

Во стампедо во хиндуистички храм во источната…

Тропски бури предизвикаа хаос на Филипините, најмалку…

Најмалку 23 луѓе загинаа, а илјадници беа…

Лишен од слобода битолчанец за предизвикување пожар

На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници…