Жерновски до Милошоски: „Џуџето од Кичево заедно со Џамбаски одел на гробот на Тодор Александров и го веел бугарското знаме“

t

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен градоначалник, Андреј Жерновски реагираше на прозивките на пратеникот, Антонио Милошоски и го нарече екс-министерот „џуџето од Кичево“ и го праша што има оставено позади себе како капитални проекти.

„Неговите „капитални“ проекти започнуваат кај источните комшии, за што сведочи сопственикот и уредник на бугарската новинска агенција Фокус, Красимир Узунов, кој кажува како одел на гробот на Тодор Александров, заедно со Ангел Џамбаски, и за време на тој патриотски престој спиел на таванот на ВМРО на Каракачанов, познатиот противник на Македонија. Во тоа време, се изјаснувал како Бугарин од Македонија и го веел бугарското знаме.

Откако замина Георгиевски од претседателската позиција на партијата, преку ноќ стана антички Македонец. Така налагаше политиката на новиот претседател, односно на Груевски. Помина и тоа, дојде нов претседател, па затоа денеска е македонски патриот. Прв во борбените редови во критиките кон оние чие знаме го вееше претходно. Дали има и нивен пасош, ќе дознаеме набрзо. Шилото работи.

А да, денеска е најголем Македонец, се колне во нашата кауза и во посебноста на македонскиот јазик и идентитет, живеејќи во пуста надеж дека сите ќе заборавиме како великанот Блаже Конески го нарече „џуџето од Небрегово“, само за да ја негира нашата самостојност. Ете, од такви квази патриоти си патиме низ целата македонска историја. За останатите “капитални” проекти во вид на судскот процес “Моќник” и начинот на кој се спаси, во некоја друга прилика“, пишува Жерновски во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Словенечка или австриска банка кои оперираат во…

Ива Михаилова се појави и на БНТ…

По гостувањето во поткаст, во кое наведе…

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…

Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

„Нвидиа“ загуби 300 милијарди долари на отворањето…

Акциите на производителот на чипови паднаа за…