„Косово може да ја загрози цела Европа“: Драматично предупредување од Брисел

t

Високата побарувачка за електрична енергија во Косово и Метохија може да го загрози снабдувањето со електрична енергија низ Европа, предупреди Европската мрежа на преносни системи со седиште во Брисел. – Пишува Спутник.

Преносните системски оператори во Регионалната групација за континентална Европа го повикаа Преносниот систем оператор во Космет (КОСТТ) да го одржува балансирано нивниот електроенергетски систем, што е нивна договорна обврска, пренесува Ројтерс.

Увозот на струја во Космет ги загрозува и другите европски земји.
Земјите низ Европа, велат тие, се соочуваат со зголемување на цените на гасот и електричната енергија делумно поради зголемената побарувачка во услови на економско закрепнување на земјите од пандемијата.

Ова е особено изразено на Косово и Метохија, каде што има намалување на производството на електрична енергија поради технички дефекти среде зимската сезона. Сето тоа, како што велат, принудува да се увезува повеќе струја отколку што е вообичаено на територијата на Косово и Метохија.

Тие го наведуваат примерот на претприемачот Џејал Гаши, кој размислува да ја затвори својата пекара во Приштина бидејќи не ги покрива трошоците за гориво за агрегатот:
„Сметката за струја обично плаќам околу 300 евра, но сега трошам 100-110 евра дневно за да купам гориво за единицата“, вели Гаши, во чија пекара има 10 работници.

Многу претпријатија и домаќинства во Косово набавија преносни генератори на електрична енергија откако започнаа рестрикциите за електрична енергија.

Ројтерс наведува и дека премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти, зборувал за драстичното поскапување на струјата, а наведуваат и дека граѓаните на Космет плаќаат најевтина струја во Европа бидејќи тарифите за домаќинствата во голема мера се субвенционирани.
Најголем дел од енергијата во Космет се произведува во две електрани на јаглен надвор од Приштина, а вообичаено се увезува 10 до 15 отсто од енергијата потрошена во јужната српска покраина, но за време на кризата увозот скокна на 40 отсто.

„Како резултат на тоа, во Косово и Метохија се увезува енергија што не беше планирана на пазарите, така што оваа зголемена побарувачка може да го загрози снабдувањето со електрична енергија низ Европа“, објави Ројтерс.

Во текстот се потсетува и дека електраните во Космет работат на лигнит, мек јаглен кој произведува особено токсично загадување при согорувањето, а официјалните податоци покажуваат дека Космет има петти по големина резерви на лигнит во светот, меѓу 12 и 14 милијарди тони, пренесува Косово онлајн.

Помош од Албанија
Албанската влада ќе обезбеди 7.680 мегавати електрична енергија за Косово и Метохија за 31 декември и 1 јануари, во обид да помогне во надминување на енергетската криза.
„По договорот што го имавме со лидерите на Косовската енергетска корпорација, успеавме да обезбедиме 3.600 мегавати за 31 декември, а 4.080 мегават часови за 1 јануари“, изјави албанската министерка за инфраструктура и енергетика Бељинда Балуку.
Енергијата ќе се обезбедува без финансиски надомест, а ќе биде вратена во текот на летото, јавуваат косовските онлајн медиуми во Приштина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финската премиерка: Европа не е доволно силна…

Финската премиерка, Сана Марин, денеска во Сиднеј…

Македонски државјанин уапсен во Албанија!

Албанското МВР уапсило македонски државјанин во албанското…

Види чудо, Курти експресно го најде “својот…

Пратеникот на Собранието на Србија од Косово,…

Курти: Ако Србија реши да нè нападне,…

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека не…

ЕУ го укинува визниот режим за Косово!

Земјите-членки на ЕУ се договорија за заеднички…