Дачиќ: Има основано сомневање дека убиството на полицаецот е терористички напад на албански структури од Косово
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека постојат основани сомнежи дека убиството на еден полицаец и ранувањето на друг полицаец вечерва во Лозница е терористички напад кој доаѓа од албански структури од Косово .
„Ова не може да биде несреќа и со тоа ќе се занимава обвинителството за организиран криминал, бидејќи полицајците биле нападнати на должност“, изјави Дачиќ за РТС.
При рутинска контрола на возилото, едно лице при излегување испукало од пиштол, удирајќи го полицаецот Никола Крсмановиќ (1990) во главата, а полицаецот Вјекослав Илиќ (1974) во градите и рамото, по што избегало.
„На полициските службеници им се посомневало возилото со тутин регистерски таблички во близина на границата со Босна и Херцеговина, на контролниот пункт во Липнички Шор. Го следеле и го запреле автомобилот“, вели Дачиќ.
Министерот за полиција вели дека кога почнало идентификацијата на лицата во возилото, сопатникот пукал кон полицајците, додека еден полицаец возвратил.
„Теренот беше таков што лицето кое пукаше низ пченката побегна. Тоа лице не го знае нашиот јазик и нема документи со себе, а во потрагата по него учествуваат повеќе од 150 припадници на полицијата. Претпоставуваме дека тој уште има пиштол“, вели Дачиќ.
На терен се подигнати припадници на Специјалната антитерористичка единица, беспилотни летала и хеликоптери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…