Костадинов го одмрзна членството во СДСМ
Поранешниот градоначалник на Струмица, од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов денеска на својот Фејсбук профил објави дека го одмрзнува неговото членство во партијата.
„Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување.
Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно.
Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ.“
Костадинов го суспендираше неговото членство во Социјалдемокрастскиот Сојуз на Македонија, минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костадинов го одмрзна членството во СДСМ
Поранешниот градоначалник на Струмица, од редовите на…
СДСМ: Техничката влада мора да остане
Техничката влада мора да остане. Таа е…
14,3 МИЛИОНИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ…
Во држава во која минималната плата едвај…
СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција…
Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон…
Лукаревска: Нови 20 милиони евра задолжување додека…
Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока.…