СДСМ: Техничката влада мора да остане
Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, пишува во соопштението на СДСМ.
1.Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели.
2.Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата.
3.Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата, со Законот за полиција се оди кон целосна партизација на МВР.
4.Во земјоделството видовме што се случи со ИПАРД 3, директор кој е поставен од ВМРО беше уапсен за корупција и проневера на европските пари. Тоа е уште една причина зошто мора да има техничка влада.
5.Легализацијата на масовен надзор со 65 илјади камери, овозможува дигитален надзор на движењата на граѓаните а за тоа се уште нема контролни механизми ниту заштита од злоупотреби. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби за следење на граѓаните или опозицијата за време на кампањата.
На Мицкоски и на ВМРО им се брза со предремени избори и мигранти за пари, но факт е дека не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт. Во вакви услови укинувањето на техничката влада би значело директен удар врз демократијата и загрозување на волјата на граѓаните. Техничката влада мора да остне и СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните, додаваат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…
СДСМ нема да биде алиби на власта…
Мицкоски: Во секое време сме подготвени да…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во вечерашното…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
СДСМ: Кога Мицкоски ќе појде во Гостивар…
Од СДСМ преку соопштение упатија критики кон…