Костовски: Зошто НБРМ во 2020 година не ја спаси Еуростандард како сега Алта?
*Обгјава на Фејсбук на Трифун Костовски
Зошто за Алта банка денес има време, заштита и шанса за нов сопственик, а за Еуростандард банка во 2020 година имаше само одземање на дозволата и стечај?
Шест години постојано прашувам зошто и се одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка и зошто НБРМ не се обиде со други механизми да ја стабилизира банката во моменти кога сопствениците вложуваа сериозни средства за докапитализација на банката.
Актуелниот пример со Алта банка од Битола, на која во матичната земја Србија и беше одземена лиценцата, исто како и во Црна Гора, а само НБРМ во Македонија воведе администрација за банката да продолжи да работи и да се зачува нејзиниот имот, недвосмислено покажува дека НБРМ има и други алатки и механизми пред стечајот.
Ако НБРМ навистина сакала да го заштити банкарскиот систем во Македонија и правата на клиентите, можела да примени инструменти кои ќе ги заштитат и банката и луѓето.
Ако денес таквите инструменти служат за заштита на Алта банка и нејзините штедачи — зошто тие не беа применети и за заштита на штедачите, клиентите и сопствениците на Еуростандард банка?
Ова е извадок од мојата утрешна колумна насловена „Кого штити Народна Банка“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Костовски: Зошто НБРМ во 2020 година не…
*Обгјава на Фејсбук на Трифун Костовски Зошто…
Банките по Нова година со зголемена каматна…
Банките се во финални анализи и пресметки…
Американските банки најголеми финансиери на руските “јаглеродни…
Банки од САД и од Обединетото Кралство…
Украина планира да ги тужи западните банки…
Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…
Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…
Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…