Кос не би ѝ понудила на Македонија статус на придружна членка на ЕУ како на Канада

t

Еврокомесарката вели дека би сторила сè Македонија, БиХ и Косово да станат полноправни членки на Унијата

Еврокомесарката за проширување Марта Кос не би им понудила статус на придружна членка на Европската унија на три земји од Западен Балкан закочени во евроинтеграцијата – Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, како привремено решение.

„Не, не би се занимавала со тоа бидејќи има разлика. Станува збор за земји-кандидатки, кои од различни причини се на различно ниво во пристапниот процес, а едната од нив сè уште нема ни кандидатски статус. Како еврокомесарка и како човек што доаѓа од овој регион на поранешна Југославија, сметам дека е важно да ги интегрираме сите нив во Европската унија. Една од најголемите грешки од минатото е што не успеавме веќе да го направиме тоа во минатото. Денес ја плаќаме цената за тоа. Според тоа, сè додека тие се држави-кандидатки, би направила сè што можам за тие да станат полноправни членки на Европската унија“, одговори Кос на прашање од косовски новинар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кос не би ѝ понудила на Македонија…

Еврокомесарката вели дека би сторила сè Македонија,…

Во ЕУ ќе се разговара за сомневањата…

Европската комисија и земјите-членки на Европската Унија…

Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова…

Промена на времето се очекува од петок,…

Зеленски ја обвини Русија за нападите врз…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија…

Шведската полиција застрела вооружен маж пред Кралската…

Шведската полиција синоќа застрела вооружен маж пред…