Дождлив викенд пред Македонија: циклон од Џенова носи пообилни врнежи од петок
Промена на времето се очекува од петок, 9 октомври, кога Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност со центар над Џенова. Дождливото време ќе продолжи и во сабота и недела, најави метеорологот Славчо Попоски.
Според неговата прогноза, влажните воздушни бранови ќе донесат променлива облачност и повремени врнежи од дожд. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што локално може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.
На одделни места ќе има услови за развој на нестабилна облачност, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Промената ќе се почувствува и во Скопје и околината. За време на викендот се очекува променливо облачно време со повремен дожд, кој локално може да биде пообилен.
И покрај врнежите, Попоски не најави позначително опаѓање на дневните температури. Тие ќе останат релативно високи, додека утринските ќе бидат во пораст поради зголемената облачност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР: Пронајдени 253 куршуми, рачна бомба и…
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(33)…
Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници…
Министерството за дигитална трансформација доставило налог за…
Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија,…
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку видео порака,…
Вучиќ помилувал пет лица во Србија: Меѓу…
Вишиот суд во Белград потврди дека ги…
По историскиот одзив на арапските гласачи, Џабарен…
Израел се наоѓа пред историска можност да…