Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива Михајлова за тврдењата дека барал поткуп

t

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо Крстов, бара Ива Михајлова јавно да му се извини и да ги повлече изјавите во кои го обвини дека ѝ упатил дискриминаторска порака поради нејзиното бугарско национално чувство и дека преку посредник барал пари за да ѝ обезбеди условна казна.

Крстов реагирал преку својот полномоштен адвокат, оценувајќи дека тврдењата на Михајлова го нарушуваат неговиот углед и професионалната репутација. Тој ги отфрла обвинувањата и ги оценува како клеветнички.

Михајлова во гостување во поткаст на бугарски новинар зборуваше за, како што тврди, прогон поради нејзиното бугарско национално чувство, при што обвинителот Крстов го нарече „бугарофоб“. Таа го обвини и дека ѝ барал пари за да добие поблага судска пресуда.

Случајот бил актуелизиран и на последното судско рочиште, кога обвинителот побарал да бидат прибавени изјавите на Михајлова објавени на социјалните мрежи, како и целокупната документација за нејзината здравствена состојба, вклучително и податоците од системот „Мој термин“.

Барањето на Крстов за јавно извинување и за повлекување на изјавите доаѓа додека продолжува судската постапка против Михајлова.

Михајлова е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, во која загина 33-годишниот Бесим Дурмиши од Љуботен. Откако се појави во Бугарија, МВР распиша меѓународна потерница по неа, а нејзиното заминување од Македонија предизвика реакции и отвори прашања за почитувањето на судските мерки.

Михајлова на 12 октомври гостуваше на бугарската телевизија БТВ, каде соопшти дека веќе не е во Македонија. Тогаш тврдеше дека уредно ја преминала македонско-бугарската граница, користејќи македонска лична карта за излез од државата, а бугарски документ за влез во Бугарија. Нејзиниот адвокат Николај Димитров одби да открие на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им создава проблеми на луѓето кои, според него, им помогнале.

Во гостувањето во бугарскиот поткаст, Михајлова упати критики и кон македонските институции, тврдејќи дека по нејзиното декларирање како Бугарка судската постапка се променила на полошо. Таа го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека финансирал 90 проценти од македонските медиуми за ширење омраза кон Бугарија и кон бугарскиот народ, а тврдеше и дека земјата е под влијание на „српскиот свет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…

Во просториите на Општина Делчево се одржа…

Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со Алта…

Дали Обвинителството нешто истражува и дали ќе…

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…