Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле и го затвореле објектот, „Пулс“ немало да работи на 16 март 2025 година!

t

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство да го преиспита кривично-правниот настан, повикувајќи се нa други предмети

Но, не може да се ставаат во ист кош 13 годишното незаконско работење на пулс со друго обвинение тоа се различни случаи, и различни основи на одговорност!

Ние, родителите, многу добро знаеме зошто обвинетите денес седат на обвинителната клупа.

Кој требаше да ја гарантира безбедноста на граѓаните и законското работење, ако не надлежните институции? Тогаш зошто постојат Дирекцијата за заштита и спасување, Министерството за економија, Државниот пазарен инспекторат и останатите контролни органи?

Кој бил должен да ги контролира безбедносните планови, елаборатите, минимално-техничките услови и лиценците?

Токму незаконското постапување и непостапувањето што им се ставаат на товар на обвинетите, според обвинението, придонеле за загрозување на човечки животи и трагичните последици.

На денешното рочиште го слушаме и вештакот на „Венци Проект“, при што се отвора прашањето за проектна документација која, според изнесеното во судницата, била изработена пред реконструкцијата на „Пулс“.

Кој ја проверил и одобрил таа документација? Дали биле испочитувани законските постапки и како било дозволено нејзиното користење?

Документацијата не смее да биде параван за прикривање незаконитости, ниту оправдување за институционалните пропусти.

Ако надлежните навреме постапеле и го затвореле објектот, „Пулс“ немало да работи на 16 март 2025 година!

А цената за тие пропусти ја плативме ние, родителите, со најсветото што го имавме – нашите деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…

Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…

Голем пожар во автобуска компанија во Кочани

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при…

Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт…

Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…

Здружението на родителите на загинатите деца во…