Кочо Анѓушев ја заокружи милијардата која Мицкоски ја испумпа од општините!

t

Зборовите “јадете колачиња” во “Ако немате леб, јадете колачиња” се заменуваат со зборовите “местете тендери” – македонска машка верзија на Марија Антоанета, Х.М.

Со денешниот текст го заокружуваме серијалот на текстови наречен “Милијардата на Мицкоски” каде објавивме документи за тендери од вкупно над една милијарда денари кои градоначалниците на Мицкоски ги испумпале преку општините со кои раководат.

Се работи за компании во кои самиот Мицкоски има или имал удел, компании на неговите најблиски партиски соработници, директор на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, но и пријателот, професор и ментор на Мицкоски, Кочо Анѓушев.

Во изминатиот период Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари. Компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари, во едната од нив Мицкоски има удел од седум проценти, а директорот на штаб на ДПМНЕ добил 18,5 милиони за две години, секако повторно од истите општини под “владение” на градоначалниците на Мицкоски, а истите градоначалници практично го платиле и бунтот во јавното претпријатие “Комунална хигиена Скопје” преку фирмата Река Интернационал..

Компанијата со кривична пријава за местење тендери, “Изолација Дамјан Силјановски” доби повеќе од 141,5 милиони денари од само четири општини.

Двајца градоначалници на скопски општини ѝ дале на компанијата МАСТЕФ ДООЕЛ Скопје вкупно 80.482.999 ДЕНАРИ.

ВКУПНО 88.839.275 ДЕНАРИ е сумата која косовската компанија ФУТУРЕ ЕНЕРЏИ ТРАЈДИНГ ЕНД ЕКСЧАЈНЏ ДИНАМИКС-Косово, подружница Македонија ја добила од неколку општини со кои раководат кадрите на Мицкоски.

Денеска објавуваме ексклузивни информации за 115.548.300 денари кои од “вмровските општини” ги добил Кочо Анѓушев преку неговата фирма РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС ДОО Скопје.

Да почнеме со ред.

ОПШТИНА ВЕЛЕС:

Договор за Набавка на електрична енергија за потребите на Општина Велес и за јавното осветление кое го користи ЈП ,,Парк-Спорт и Паркинзи’’ Велес склучен на ден 27.03.2023 во вредност од 23.999.999,94 денари. Договорот е потпишан од в.д директорот на претпријатието, Зоран Јаневски.

Договор за Набавка на електрична енергија за потребите на дел од училиштата во Општина Велес, ООУ “Панко Брашнаров”, склучен на ден 20.06.2023, во вредност од 766.000,54 денари. Потпишан од директорката Валентина Стефанова.

Договор за Набавка на електрична енергија за потребите на дел од училиштата во Општина Велес, ООУ “Панко Брашнаров” склучен на ден 01.07.2023 во вредност од 1.533.000,54 денари. Потпишан од директорката Валентина Стефанова.

Договор за Набавка на електрична енергија за потребите на дел од училиштата во Општина Велес за ООУ „Васил Главинов„ склучен на ден 20.06.2023 во вредност од 1.925.000,08 денари. Потпишан од директор Драги Коцевски.

Договор за Набавка на електрична енергија за потребите на дел од училиштата во Општина Велес, ССОУ Димитрија Чуповски – Велес, склучен на ден 21.06.2023, во вредност од 1.333.999,44 денари. Потпишан од директорот Петре Жабев.

Договор за Набавка на електрична енергија за ЈКП Дервен Велес, склучен на ден 01.07.2023 во вредност од 16.520.000,00 денари. Потпишан од директор Горанчо Наунчев.

Договор за Набавка на електрична енергија за потребите на Општина Велес и за јавното осветление кое го користи ЈП ,,Парк-Спорт и Паркинзи’’ Велес, склучен на ден 28.03.2023 во вредност од 3.800.000,02 денари. Потпишан од градоначалникот Марко Колев.

Вкупно од Велес: 48.498.300 денари

ОПШТИНА БИТОЛА:

Договор за Набавка на електрична енергија за ЈП „Стрежево“ Битола, склучен на ден 28.04.2023 во вредност од 9.440.000,00 денари. Потпишан од директор Методија Граматниковски.

Вкупно од Битола: 9.440.000,00 денари

ОПШТИНА ПРИЛЕП:

Договор за J3O- ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ Потрошена електрична енергија за јавно осветлување, општинска зграда и останати објекти склучен на ден 31.08.2023 во вредност од 42.500.000,00 денари. Потпишан од градоначалникот Борче Јовчески.

Вкупно од Прилеп: 42.500.000 денари

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ:

Договор за Електрична енергија за потребите на ЈП Комуналец склучен на ден 16.08.2023 во вредност од 5.310.000,00 денари. Потпишан од директорот на претпријатието, Орданчо Клинчаров.

Договор за Набавка на електрична енергија за Јавно претријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ Кавадарци, склучен на ден 12.05.2023 во вредност од 9.800.000,30 денари. Потпишан од директор Јордан Настов.

Вкупно од Кавадарци: 15.110.000 денари

Да повториме, компаниите блиски до Мицкоски добиле повеќе од ЕДНА МИЛИЈАРДА ДЕНАРИ од “новите лица”, градоначалниците кои сакаат да се претстават како светци и жртви кои работат за доброто на народот. Во суштина, речиси ништо не направиле, но тоа ќе биде предмет на расправа во следен серијал текстови.

Се надеваме дека со серијалот кој го завршуваме денеска, успеавме барем малку да ги освестиме граѓаните на Република Македонија, дека секојдневното препукување меѓу политичките “ривали” ДПМНЕ и СДСМ е само параван за испумпување пари и тендери за кои никој не зборува.

Локалната власт е власт колку и централната и злоупотреба или нерационално користење на пари на граѓаните, дали на централно или на локално ниво не смее да помине без реакција.

Вреди да се спомене дека менторот на Мицкоски, Кочо Анѓушев, покрај овие над 115 милиони денари од РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ РЕС ДОО Скопје, од истиве општини добил и речиси 390 милиони денари за Енерџи Деливери Солушнс.

“Бонбона бизнисот” очигледно цвета откако новиве лица се на функции.

Крадецот вели “држете го крадецот”! Општините се претворени во крави молзници за финансирање на функционерите и елитата во друштво на Мицкоски.

Новите лица на Мицкоски кои секојдневно беседат за криминал и корупција, за делење тендери и крадење на народни пари зборуваат од сопствено искуство бидејќи и тие, како и оние кои ги плукаат во јавност, ги брцнале рачињата во медот. За ова зборувавме и во еден претходен текст каде пишувавме за местење тендери во Велес со цел токму компанија на Анѓушев да го добие тендерот.

Ги повикуваме Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција и останатите надлежни органи да ги испитаат тендерите за кои пишуваме неколку месеци, бидејќи граѓаните треба да знаат кој и како ги троши нивните пари.

И уште еднаш да ја повториме поезијата на Конески која одлично ја отсликува моменталната ситуација во Македонија:

Ќе дојде време на лажни пророци

што божем во мое име

ќе ве збираат по плоштадите,

ќе креваат врева до небеси,

ќе се бувтаат во градите.

Немојте да им верувате!

Тие мислат само на себеси.

Бес ги распина внатре

душите да ви ги затре.

Тие варосани гробови!

Не да им станете робови!

Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска.

ЛИНКОВИ до претходните текстови во серијалот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се проверуваат можни нерегуларности во Делчево, Македонска…

„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во…

ДКСК го попари Николоски: Не постои никаква…

Државната Комисија за спречување корупција уште во…