Општина части, плаќа народ… 141,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ од градоначалниците на Мицкоски за фирма со КРИВИЧНА ПРИЈАВА за “МЕСТЕЊЕ ТЕНДЕРИ”!

t

Додека има овци, ќе има и волна, рекол мудриот македонски народ кој со векови си страда од “своите”. Или ние сме наивни, или политичариве многу добро “мачкаат очи” пред избори, за откако ќе бидат изберени на некоја функција да прават сѐ спротивно на кажаното. “Ќе дојде време на лажни пророци, што божем во мое име ќе ве собираат по плоштадите, ќе креваат врева до небеси, ќе се бувтаат во градите, немојте да им верувате”, велеше великанот Блаже Конески и вистина, така би!

Додека Мицкоски постојано зборува дека “секој кој се огрешил пред законот треба да си одговара”, неговите градоначалници делат тендери на фирма која има кривична пријава за местење на тендери, а неговите пратеници правеа кворум за измена на Кривичниот законик токму за членот 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Во изминатиот период Инфомакс објави ексклузивни информации најпрво за 390 милиони денари тендери со кои “вмровските” градоначалници од десетина општини “го частеле” Енерџи Деливери Солушнс на Кочо Анѓушев. Една третина од општините со кои раководи ВМРО на Мицкоски , односно дури 16 општини со вмровски градоначалници склучиле договор и со компанијата „Пуцко Петрол“ за набавка на горива. Градоначалниците на Мицкоски на Јахоски му доделиле тендери во висина од над 615 илјади евра или поточно 37.598.044 милиони денари. Компаниите ЕЛТРА и ЕНЕРГОМОНТ во периодот од 17.10.2021 до 11.07.2023 година од општините добиле дури 117.840.256 денари, во едната од нив Мицкоски има удел од седум проценти, а директорот на штаб на ДПМНЕ добил 18,5 милиони за две години, секако повторно од истите општини под “владение” на градоначалниците на Мицкоски, а истите градоначалници практично го платиле и бунтот во јавното претпријатие “Комунална хигиена Скопје” преку фирмата Река Интернационал..

Денеска објавуваме ексклузивни информации, како “Изолација Дамјан Силјановски” доби повеќе од 141,5 милиони денари од само четири општини.

Во продолжение која општина колку им подарила на “Изолација Дамјан Силјановски”:

ОПШТИНА КАВАДАРЦИ:

Договор за Асфалтирање на улици склучен на ден 29.05.2023 во вредност од 1.497.368,08ден. Потпишан од Елена Тасевски, раководител на сектор областен од градоначалник.

Договор за Асфалтирање на улици склучен на ден 29.05.2023 во вредност од 1.393.249,60ден. Потшишан од Елена Тасевски, раководител на сектор овластен од градоначалник.

Договор за Крпење на ударни дупки склучен на ден 06.03.2023 во вредност од 2.955.133,00ден. Потпишан од Елена Тасевски.

Договор за Изградба на детски игралишта склучен на ден 17.08.2022 во вредност од 3.233.069,32ден. Потпишан од Александра Деневска, помошник-раководител на сектор овлестен од градоначалник.

Договор за Изградба на ПАМП ТРАК патека склучен на ден 19.08.2022 во вредност од 3.989.237,80ден. Потпишан од Митко Јанчев.

Вкупно од Кавадарци 13.068.092

ОПШТИНА ПРИЛЕП:

Договор за Одржување на улици и општински патишта – ударни дупки, прокопи, нивелација на шахти, тампонирање, тротоари пешачки патеки и др. Слкучен на ден 24.03.2022 во вредност од 9.440.000,00ден. Потпишан од Борче Јовчески.

Вкупно од Прилеп 9.440.000,00ден

ОПШТИНА БИТОЛА:

Договор за Ладна асфалтна маса склучен на ден 23.01.2023 во вредност од 445.289,52ден. Потпишан од Тони Коњановски.

Договор за Ладна асфалтна маса склучен на ден 13.12.2021 во вредност од 354.000,00ден. Потпишан од раководител на одделение Марјана Спасевска.

Вкупно од Битола 799.289 ден

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА:

Договор за Ревитализација и рехабилитација на улици , патишта , паркинзи и слично втора фаза склучен на ден 10.01.2023 во вредност од 17.000.000,40ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Оджување и санација на улици со надградби и крпење на ударни дупки на територија на Општина Гази Баба- втора фаза склучен на ден 27.12.2022 во вредност од 4.429.999,66ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Ревитализација на улици и патишта на територија на Општина Гази Баба склучен на ден 17.05.2022 во вредност од 26.799.999,52ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Крпење на ударни дупки на територија на Општина Гази Баба склучен на ден 02.12.2021 во вредност од 14.000.000,26ден. Потпишан од Бобан Стефковски.

Договор за Ревитализација на улици и патишта на територија на Општина Гази Баба, склучен на ден 17.07.2023, во вредност од 55.999.999,86ден. Потпишан од градоначалник Бобан Стефковски.

Вкупно од Гази Баба 116.229.997 денари.

Инаку, компанијата “Изолација Дамјан Силјановски” има кривична пријава токму за “местење тендери”.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје во 2020 година поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Зелениково и уште шест лица за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „поттикнување“.

Кривичната пријава е поднесена против В.Г. градоначалник на Општина Зелениково во период 2013-2017 година, И.Н. управител на Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје, С.Т. инженер за изведба, Б.Ј.Ј. надзорен орган, С.С.Б. претседател на комисијата за јавната набавка, Д.Ѓ. член на комисија за јавна набавка и К.С. член на комисија за јавна набавка.

Како што објаснија тогаш од Управата, првопријавениот В.Г. во соизвршителство со третопријавениот С.Т. во својство на инжинер за изведба и четвртопријавената Б.Ј.Ј. во својство на надзорен инженер поттикнати од И.Н. во својство на управител на Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје, во текот на 2017 година ја злоупотребиле службената положба и овластување на начини што првопријавениот потпишал и исплатил средства во износ од 2.198.109,00 денари од буџетот на Општината на сметката на пријавеното Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје за наводно извршени работи за крпење на дупки опишани во времена ситуација, градежен дневник и градежна книга заверени со потпис и печат од страна на трето и четврто пријавените, иако наведените работи не биле во целост извршени ни по квалитет ни по квантитет и на тој начин предзивикале штета на Општината Зелениково во износ од 903.190,28 денари.

Петтопријавената С.С.Б., во својство на претседател на комисијата за јавната набавка, шестопријавена Д.Ѓ. во својство на член на комисијата за јавната набавка и седмопријавената К.С. во својство на член на комисијата за јавната набавка, во текот на 2017 година, поттикнати од второпријавениот И.Н., ја злоупотебиле својата службена положба и овластувања на начин што свесно и со однапред утврдена намера во постапката за јавна набавка на градежни работи, предвиделе ограничувачки и дискриминаторски критериуми, не побарале задолжителна согласност од Советот за јавните набавки, извршиле незаконска евалуација на понудите и спротивно на законските прописи понудата поднесена од страна пријавениото Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото ИЗОЛАЦИЈА Дамјан Силјановски и др. ДОО увоз-извоз Скопје ја избрале за најповолна понуда, при тоа овозможувајќи му на пријавениот правен субјект да се стекне со противправна корист од 2.536.943,00 денари.

Потписник на дел од договорите со општините склучени во последните две години е токму управителот Иван Николиќ, против кој е поднесена претходно споменатата кривична пријава.

И додека има овци, ќе има и волна. Наместо кривични пријави за претходниците кои ги нарекуваа најголеми криминалци и измамници , градоначалниците на Мицкоски даваат милиони на фирма која веќе има кривична пријава за местење на тендери. Да, Мицкоски е “многу праведен” и бара сите што се огрешиле пред законот да одат во затвор, сите освен оние околу него, од неговата екипа кои можат да делат тендери на фирми и ликови инволвирани во кривични дела, да плаќаат бунтови и протести по претпријатија, да го загрозуваат животот на граѓаните додека во јавност се најголеми светци и праведници, па и Јустиција може да им позавиди.

За крај, наш измачен, испокраден и излажан од лажни пророци, народе, останува да ве потсетиме на зборовите на Конески:

Ќе дојде време на лажни пророци

што божем во мое име

ќе ве збираат по плоштадите,

ќе креваат врева до небеси,

ќе се бувтаат во градите.

Немојте да им верувате!

Тие мислат само на себеси.

Бес ги распина внатре

душите да ви ги затре.

Тие варосани гробови!

Не да им станете робови!

Пишуваат: Александар Митовски, Александра Петровска.

ЛИНКОВИ до претходните текстови во серијалот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Грчки граѓанин починал во битолско казино –…

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…