Објавено на:

Кошмар за САД: Русија и Кина потпишаа Договор за запирање на ширењето на НАТО поставување на американско oружје во Европа

t

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, во Пекинг потпишаа Заедничка изјава за меѓународните односи кои се на прагот на нова ера и глобален одржлив развој.
Во документот, меѓу другото, се нагласува дека двете земји се против натамошното проширување на НАТО и се повикува Алијансата да го запре пристапот од времето на Студената војна.
Во исто време, двете земји ги повикуваат Соединетите Држави да престанат да распоредуваат ракети со среден и краток дострел во Европа и инсистираат САД да ги намалат резервите на хемиско оружје.
Загриженост се изразува и поради тоа што САД продолжуваат да го спроведуваат планот за развој на глобалната ракетна одбрана и да распоредуваат свои делови во различни делови на светот.

Исто така, се истакнува дека нуклеарните сили треба да се откажат од менталитетот на Студената војна и да ја намалат улогата на овој вид оружје во политиката.
Москва и Пекинг се против обидите да се предизвикаат поделби и конфронтации во светот, се вели во документот.
„Народите на Русија и Кина се убедени во исправноста на избраниот пат и го почитуваат демократскиот поредок и традициите на другите земји“, соопштија Пекинг и Москва.
Русија и Кина се спротивставуваат на злоупотребата на демократските вредности и мешањето во внатрешните работи на другите земји под изговор за заштита на демократијата, како и против политиката на сила и едностраните санкции .
Русија го смета Тајван за нераскинлив дел од Кина и е против независноста на островот во која било форма, се вели во документот објавен на веб-страницата на Кремљ.
Се наведува и дека двете земји се против политизирање на проблемот со потеклото на корона вирусот и се додава дека тоа е работа на науката. Тие ги повикуваат САД да дадат информации за воено-биолошките активности и да дејствуваат отворено и транспарентно.
Двете земји имаат намера да работат на зајакнување на улогата на АСЕАН како клучен елемент на регионалната архитектура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонец на докторски студии по физика во…

Кавадарчанецот Илија Николов, кој е на докторски…

Унгарија тајно зела кинески заем од една…

Унгарската Влада тајно позајмила една милијарда евра…

„Илинденска“ Скопје via Москва: Директни пипци од…

Ќерката на вицепремиер во земја членка на…

Директорката на американската тајна служба: Неуспехот при…

Неуспехот да го обезбеди поранешниот американски претседател…

Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за…

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на…